односно (мод.) - личност (имн.)

Потоа, како жртвуван пион на шаховска табла, го преместуваа по потреба на мигот или по намиг на командантот - од едно место на друго, колку да пополни некоја дупка во откриена празнина, да врзе алка во синџирот со ортомче, а не со желевце - сè додека не се најде со старите другари од гимназијата, од кои преживеаните веќе беа важни личности, односно личности од теме до петици во нови униформи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- ПРЕДАНИЈАТА спаѓаат меѓу постарите народни умотворби. /.../ За народните преданија се карактеристични историзацијата (поврзување на раскажувачкото дејство со некој историски настан, односно личност) и локализацијата(раскажувањето се поврзува со конкретно детерминирана територија).
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)