односно (мод.) - застапување (имн.)

Постапката пред судот се уредува со закон и се заснова врз следниве начела: а) законитост и легитимност; б) рамноправност на странките; в) судење во разумен рок; г) правичност [aequitas]; д) јавност; ѓ) контрадикторност; е) двостепеност; ж) зборност; з) усност; ѕ) непосредност; и) право на одбрана, односно застапување; ј) слободна оцена на доказите; и к) економичност (чл. 10, ст.1 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот (чл. 98, ст.2 од УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)