Кога јас првпат нему му ја кажав мојата молба, односно го замолив да ми каже дали тоа што барам е возможно или не, тој мене тогаш ми рече: „Може“, ми рече.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Со измените од септември 36 Ваквата нејасна и неразбирлива формулација остава простор за различо толкување и примена, можност која е спротивна на правната сигурност на граѓаните, како елемент на владеењето на правото постулирано во чл. 8 ст. 1 ал. 3 од Уставот на РМ (1992). 46 2010 година беа избришани три од четирите прекршочни дејствија за кои следи санкција за работодавачот (ако не исплатил плата, односно најниска плата, за три месеца; не го почитува, односно го крши работното време и распоредот на работното време; не води, неправилно води или го злоупотребува електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Поранешната законска формулација против ваквото решение на судот не дозволуваше посебна жалба, додека пак по ново се допушта жалба против ваквото решение, но таа не го задржува извршувањето на истото, односно го нема вообичаеното суспензивно дејство (чл. 93 од ЗИДЗПП/10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Вистина е дека Спиноза, иако нешто помлад, размислувал во рамките на Декарт, но мислел и низ нив, вон нив, односно го размислувал она што кај Декарт останало како немислена врска на неговата метафизика на светот: телеолошката насоченост која се покажува во Декартовото решение на прашањето душа-тело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Односот меѓу нив всушност тешко може да се нарече транзициски.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Меѓутоа, во мене стои еден ветровит ден на одминување, односно го гледам задниот дел од дворот на Економското училиште во кој сѐ уште е присутна силната светлина на денот, само што сонцето е од другата страна на зградата, сигурно педа две врз врвот на Водно, и од долната страна на кај бараката доаѓаат моите две сестри Лена и Јана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И со ЗРО (2005) се воведоа одредени промени во оваа сфера – имено, покрај постојните две основи за забрана на вршење работа на работодавачот, се воведоа уште три нови: (1) ако работодавачот не исплатил плата, односно најниска плата, за три месеца; (2) ако не го почитува, односно го крши, работното време и распоредот на работното време и (3) ако не води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа (чл. 256, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Згора на сѐ, таа е и професионално вклучена во заштита на работничките права – во делот на превентивата и медијацијата – односно го застапува работникот пред работодавачот за да воопшто и не дојде до судски спор, којшто е релативно скап за наши прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Прекувремената работа може да трае најмногу 285 осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно – освен за работите кои, поради специфичниот процес на работа, не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Иако платата на работникот за работа со полно работно вре- ме не може да биде пониска од најниската плата утврдена според закон и колективен договор (чл. 107, ЗРО) – до денес [јуни 2011] во РМ не е донесен таков закон кој ја регулира материјата за т.н. „минималец“ односно најниска плата, а оваа материја не е регули- рана ниту со Општиот колективен договор за стопанството на РМ (10.VII.2009) – туку тоа е оставено да се стори со колективните договори на ниво на дејностите (в. чл. 17, ОКДС). 5. Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела, по правило, трае пет работни дена (чл. 116, ст.1-2, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Па така, оној кој ќе успее да „одвлече“ пет-шест вработени, намамувајќи ги на приватен бизнис, со потпишување спогодба за трајна деловна заедница, го добива раководното место во новата фирма – патем, не наговестувајќи дека сите пет основачи го уживаат истото право, односно го имаат првото да учествуваат во управувањето со претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И оваа приказна, барем на прв поглед, до овде делува сосема регуларно и праведно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, задкулисните игри не изостануваат никаде, па ни во овој случај – што е и сосем очекувано и не треба многу да нѐ изненади.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако не го почитува, односно го крши работното време и распоредот на работното време (чл. 259, ст.1, ал.3 од ЗРО). 6. Според ЗРО работодавачот е должен на работникот да му ги надомести и трошоците поврзани со работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Вујовиќ решително истакнува дека, во случај да ѝ е повредено некое друго право, таа – без двоумење – повторно би покренала спор доколку проблемот не може да се реши на друг начин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)