односно (мод.) - ги (зам.)

Училиштето и општината ги затворија, односно ги преселија во Тополчани и таму, на местото на поранишните, тукашни, довлечаа свои, српски учители и општинари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Колку што настојуваше генерално да го согледа текот на настаните во светлината на ангажманот на Европската унија и САД, заплашена тие да не се претворат во војна како претходно во Босна, Хрватска и Косово, таа беше силно внесена и вникната во мојата судбина како човек и писател на една балканска семејна хроника во текот на XX век.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се случуваше мајка ми рано наутро да влезе во татковата библиотека заедно со првите сончеви зраци, да ја угасне ламбата крај нејзиниот сопруг, заспан врз книга на која ѝ ги доверуваше соништата, односно ги примаше нејзините соништа... Така би некогаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со искусните корисници на дрога се случува друго, бидејќи тие најчесто не работат за време на директното делување на дрогата, туку создаваат, односно ги транспонираат своите психоделични перцепции во уметнички форми дури по некое време, откако ќе дојде до опоравување на когнитивните и моторни функции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во текот на главната расправа ќе се расправа за предлозите на странките и за фактичките наводи со кои странките ги образложуваат своите предлози, односно ги побиваат предлозите на противникот, како и за доказите понудени од нивна страна, ќе се изведуваат доказите и ќе се претресуваат резултатите од нивното изведување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа утврдува дали дошле сите повикани лица, па ако не дошле, проверува дали се уредно повикани и дали го оправдале својот изостанок (чл. 279, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Набрзо потоа и црквата ја затворија, односно ја пренесоа во надлежност на попот тополечки, и него го довлечкаа оттаму, од Србија, откако тукашниот свештеник, поп Цветана го уби мајорот Загориќ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)