Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И тогаш, можеби зашто раката ме здоболе, не знам што ме натера така да постапам, почнав да му кажувам одвратни зборови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И недадејно, додека лежи и ги гледа сенките на луѓето од својата солунска паства, кои со денови и ноќи во кои тој око не склопува, еден по еден, поминуваат покрај неговата постела, и можеби зашто е тифусар, само фрлаат поглед и го одминуваат, не одговарајќи на поздравите што тој непрекинато им ги упатува кимнувајќи им, најнапред со глава, потем само со уморните очи, на сите, без оглед на возраста и на статусот: на членовите на советот, почитуваните рабини, солунските амали, манави, ситни дуќанџии, продавачи на риба, мислители, лекари, интелектуалци, новинари, хакхами и шамаши, кошер-касапи и хазани, продавачи на благословено вино, читачи на респонси, и сите, илјадници и илјадници, поставувачи на едно исто, немо прашање... Главниот рабин не сака повеќе да ги гледа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дали затоа што дарот за пишување веќе не ме служеше како некогаш, или можеби зашто бев разнебитен и отсутен, заради последните настани.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Си велам, можеби зашто се жалобни дни и зашто треба да ме остави да мислам на Борко.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)