можеби (мод.) - најмногу (прил.)

Секаде низ Европа, а можеби најмногу во Белгија, шумата, дрвјата, зеленилото толку многу се почитувани што ретко или воопшто не може да се сретне човек што би ги уништувал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Проработуваше и синдромот на вечната институција, посебно кај Балканците, можеби најмногу кај Албанците – жртвувањето, жртвениот јарец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Големата книга и во овој дел од проектот остануваше незавршена, можеби најмногу поради сложеноста и комплексноста на јаничарството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или можеби најмногу од сè ме привлекуваше поимот психијатрија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Лајпциг е историски град, полн со споменици, со многу старини, град во кој можеби најмногу е изразен барокот во архитектурата на многубројните цркви, и секоја од нив претставува само вистинско ремек-део, а на градот, со својата посавеност и со извишените кубиња со кои го сечат небото, му даваат впечатливо убав белег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многу ме ценеше, можеби најмногу од сите пријателки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа можеби најмногу ѝ успеваше и кога ја минавме границата и се најдовме на другиот брег од Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што да ѝ каже по сè ова трагично... и за неа и за него... можеби најмногу за детето?...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)