можеби (мод.) - цел (прид.)

Можеби цел час ечеше гората од ударите на секирата, а потоа момчето слезе до потокот и почна да ги зема трупците и еден по еден да ги пренесува во стреата што беше залепена до јужниот ѕид од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имаше доста ѓубре, можеби цела недела дедо му не го беше ринел, па доволно се измачи ринејќи го.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш можеби целата приказна ќе изгледа забавно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така, во колебањето дали да му речам или не, помина можеби цел месец.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше неколку години помлада од нив, а по кафичи работеше можеби цела деценија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)