И во животот што ми преостануваше на рланетата Земја, не можејќи да ја најдам Мајка во нејзиниот јазик, без сите нејзини зборови, кои не можат да се најдат во ниту еден друг јазик, јас упорно продолжив во нив да ја барам, можеби присутна само во заедничкиот јазик на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе се бранам, упорно ќе се бранам, односно упорно ќе тврдам дека пишував и на јазикот на другите зашто докрај му останав верен на почнувањето, на изворот на животот, според кодот на мајчиниот аманет, да трагам по нејзината порака само во јазикот на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
В ред, в ред, можеби присутните во оние произволни тврдења на Николина Кралева што беа изнесени во форма на неуверливи претпоставки можеби согледале вина и грдо однесување од страна на мојата по малку чудна личност божем наклонета кон тривијалности и недолично однесување; можеби им биле прифатливи и таканаречените љубовни авантури со несоответни личности (ова обвинување всушност ми годеше иако спаѓаше во оние таканаречени голи измислици со оглед на моето сиромашно љубовно искуство кое во тој период сѐ уште беше сместено во одделот желби и соништа) итн.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)