Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Можеби времето ќе ги излечи раните, но лузните ќе останат, мил мој, до последниот здив, те сакам, многу ми недостасуваш.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Совршени се солзите после тие груби зборови кои ја параат тишината, но можеби времето ќе ги избрише сите грди лузни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Меланхолијата седи пред својата недовршена градба, окружена со инструментите, седната и загледана така како да се откажува од сѐ, како нешто да ѝ вели дека градбата никогаш нема да биде завршена; една скала е потпрена на градбата, а на земјата покрај долниот крај на скалата лежи камен блок – дали Меланхолијата треба да го искачи, по скалата, на градбата?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Совршен е неделниот семеен ручек, опиени од домашното црвено вино и вкусот на штотуку испечена штрудла од јаболка, цимет и ванилин шеќер.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)