А се што срцево сака беше одалечено не повеќе од половина час возење до едноставен убав свет создаден само за мене, односно пријатно место за создавање едноставна убавина и нема да дозволам некој да ми го украде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Бев бесна и лута на целиот свет, но повеќе не е важно кој е крив или можеби никој не е крив, свеќите на божиќната елка повторно некаде ќе се запалат и мирисот на дивите костени ќе биде посладок од кога и да е порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Нивниот живот бил како патувањето во лавиринтот на арабеска, секогаш во бег во потрага по излез од лавиринтот, споменот за нивното постоење можеби завршил во точката на минијатурата, којашто можеби никој нема да ја протолкува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, на крајот од краевите, можеби никој и не сакал да поверува во натприродноста на целата оваа работа…
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
„Како што тој Едо може да го сврти посраното наопаку, тоа можеби никој друг на светот не го може“, продолжи чичко Никола.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Да можеше да ја оствари тогаш, можеби никој немаше да се расправа.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На неговото чело како заклана птица се прпелкаше сенка на изненаденост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби никој никогаш во животот не му се спротивставил на тој бег, ни човек ни дивина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Често дипломатското време си го претставував во споредба со минливиот живот, миговите на расцутената минливост, како една стуткана телеграма, која наместо да се фрли во кош ќе заврши во некој дипломатски архив, која можеби никој и никогаш нема да ја прочита.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)