можеби (мод.) - сака (гл.)

Длабоко, некаде во длапките се криеше изострен ум, а тој можеби сакаше да остане во тишина, како би можел подобро да создава.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
МИТРЕ: Митрејце, ја постели му ти на Никола, човекот си е уморен можеби сака да си легне.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Со релативна сигурност можеме да претпоставиме дека овие влакна, како и примероците на сперма, му припаѓаат на самиот автор и дека со тоа можеби сакал делото да се сфати како автопортрет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уникатниот предмет содржан во вализе-то на Мата беше познат (од списокот што го објави Бонк во својата книга за “вализе-то”) но овде беше изложена за прв пат; оваа полуапстракција (13) направена од примероци од влакна од косата, од градите, од под мишките и од гениталната зона, аранжирани по вертикала со само една тенка линија што наговестува контура на тело, и неколку исто така бледи линии кои асоцираат на формата на пенис во ерекција. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 113
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Добарден, кроко, - весело викнав. - Како си?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој час можеби сакав да избегам или да нацртам пред себе голем ѕид, но не го сторив ни едното ни другото туку најљубезно реков: - Еј, кроко, ситно око, ти носам ужина - “најубаво јадење за крокодилите“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Можеби не знаеше да ја изрази љубовта со доволно благодатност во гласот, можеби сакаше да ја открие љубовта, но се плашеше од неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ретко го носеа кај Зигмунд. „Дедо можеби сака да го посетам,“ рече кога Матилда го доведе кај нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не те очекував,“ продолжи мајката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сигурно сака, но тешко му е да прима посети,“ одговори Матилда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја подаде раката кон него – беше тоа бавно движење, можеби сакаше да го погали, а потоа, пред да го допре, ја сврте раката кон себе, подеднакво бавно ја приближуваше раката кон своето лице, но пред да ја спушти на него ја пушти надолу, во скутот врз излитениот фустан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби сакал да се прекрсти, можеби да се почеша. Не се сеќавал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со благост ме фати за мишка, можеби сакаше со допир да ми докаже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш некој Јане Крстин се стрчнал и застанал помеѓу нив со дигнати раце, послаб од обајцата но не со помалку крв во очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отец Панделиј онака кренал рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Си го прегазил потокот и си го сретнал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со ова што престана и пари да испраќа, можеби сака да ги прекине сите врски со неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Плачи, можеби сакавте да речете. Плачи, и јас не знаев што е плач.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
МАЛИОТ: Јадење ни дава, а можеби сака да не изеде!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Бидејќи му беше многу топло, а можеби сакаше да го искапи и слончето, влезе со него во водоскокот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дури помисли дека Ангеле можеби сака ортак да му биде во јатаклакот, та затоа е многу љубезен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тој можеби сака да биде в затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)