можеби (мод.) - има (гл.)

Дики: Да бидам поубав!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Не ли ти е страв? Можеби има сида!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зашто не верувам дека некогаш ќе стасам до оној недогледлив хоризонт зад кој можеби има некој друг живот во кој би можел да влезам и да му се приклучам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега можеме да одбележиме дека тој можеби има право во поглед на постоењето на таква „лабавост” и покрај фактот дека за една таква одбрана не е потребно повикување на фактите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се чини дека Витгенштајн ги користи согледбите за „лабавоста” која може да се јави кај правилата кои управуваат со изразите со намера да се одбрани од оној вид објективизам кој самиот го застапуваше во Tractatus-от.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеби има малку дифтерија?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Можеби имаше мали проблеми во сексот со оглед на нејзината тежина, но тоа не беше причина за нарушување на мирот во куќа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можеби имаат мали, можеби јајца...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби имаше и некое ново јагне, но реши тоа да го установи напладне, кога ќе го пушти добитокот да пие вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
До скоро јас по овие места наоѓав испукани фишеци. Можеби има уште.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- А можеби имаш право, оваа работа бара коњска енергија.  - Јас ти реков: бадијала седам, бадијала не работам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Очигледно, не го прифаќа моето објаснување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некои цвеќенца што не можеле да ги поднесат ни првите есенски утра?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали тоа значи дека секој од нас има свој сопствен, строго определен пат низ животот, и тој наш пат само навидум се приближува, се среќава па дури и вкрстува со патиштата на нашите блиски?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Мислењето дека Иван е подучуван од професорот по сомневањата, можеби има некаква вредност но само како шега“ ми шепоти двојникот и тропа со прстите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Определувајќи се за прошетка на непостоечки суштества во измислени времиња и предели таа сметаше дека ме заштитува од грдите привиденија со кои можеби имаше и поблиски средби но не беше спремна да зборува за нив плашејќи се дека може случајно и премногу да ми ги приближи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таша можеби има некогаш одамна засадено шеќерчиња или нешто слично?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали Дишан имал намера да создаде нешто што само Мата би го разбрал.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Или, со оглед на тоа што влакната се залепени со проѕирен селотејп на позадината на едно парче плексиглас, дали можеби имал намера да направи една далечна референца на “Големото стакло” (и дали можеби себеси се гледал како еден од додворувачите заробени под нејзината површина).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ќе ја загуби ли привлечноста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-ослободувањето, со други зборови, можеби има уште многу работа. 21 ЗАСЕКОГАШ НАСТРАНИ ‌А откако геј-ослободувањето ќе си ја одработи задачата, што тогаш?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Добро би било да се знае дали општеството е виновно за фактот дека толку многу геј-мажи бараат негеј-алтернативи за живописната, амбициозна, уметнички остварена, разновидна, многу енергична и бескомпромисно „аут“ геј-култура што им е сега на располагање... исто како што понекогаш и понатаму им е тешко да ги посакуваат геј-мажите како геј-мажи, а не како факсимили на стрејт-мажите или како божемни отелотворенија на стрејт-мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има, сепак, и понатаму важни материјални барања во таквите борби за вклучување, но тие им се некако подредени, барем во реториката на движењето, на асимилациските и конформистичките цели. ‌Во таков контекст, геј-културата сѐ повеќе изгледа како бизарен, нестварен, неопиплив, небулозен, ирелевантен поим.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го кочи остварувањето на асимилацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една импликација од сето ова, и тоа нималку изненадувачка, е што некои млади геј-мажи денес можеби имаат повеќе заедничко со геј-мажите од времето пред Стоунвол отколку што кој било од мојата генерација бил подготвен да верува или да признае.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Такво нешто можеби имало смисла во старите лоши денови на општествената угнетеност и исклученост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Материјалното богатство и сетилното задоволство за нас имаат мошне особена функција“, објаснува Бартлет; „тие ги надоместуваат другите облици на немаштија“.262 Бартлет намерно ги оставил непрецизирани тие други облици на немаштија – сигурно имал на ум цела палета општествени и политички лишености – но ја оставил отворена можноста дека можеби има некој мошне особен „глад што зјае под“ нашата потрага по сопствености (175).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знак е за неуспех (или за одбивање) на асимилирањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како и да е, мислам дека треба подлабоко да проникнеме во причините поради кои отворената и експлицитна геј-тематизирана машка геј-култура што ја овозможи геј-ослободувањето и натаму има толку тешкотии да си најде машки геј-поддржувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А и што ќе им е денес на геј-луѓето посебна култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто толку многу геј-мажи и понатаму им се восхитуваат на негеј-ликови и се идентификуваат со нив, зошто и натаму претпочитаат културни прикази во кои отсуствуваат геј-мажи?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што „прекумерната сентименталност што била неопходна состојба на сентиментите не дозволувала никаков вистински предмет“ – сентименти кои бродвејскиот мјузикл ги негувал кај своите протогеј-обожаватели, според Д. А. Милер – упорната желба на геј-мажите за скапоцени сопствености потекнува, според Бартлет, од едно постојано чувство на темелна фрустрираност поради тоа што предметите кои најмногу ги посакуваме нам ни се особено недостапни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се поднасмевна кога си помисли дека можеби има уште две-три нешта...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
1. Драга Асенета, Вие можеби имате волшебни црни очи кои фрлаат мирисни погледи околу себе, можеби зад себе сеете скапоцени сенки и можеби мочкате колонска вода, како што рекла една писателка, но тоа нема да Ви помогне да станете јунакиња на оваа книга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другите читателки можат и да ја фрлат книгава, бидејќи веќе не се однесува на нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ако е така, брате Марко, тогаш и во куќава можеби имало некој медал. Мажот на Јага Перуника беше свртничар, државен човек со фенерче и офицерска шапка.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко можеби имаше поголема среќа со наследениот турски јазик од мајка со студиите во младоста во Цариград, во албанскиот беше целосен, го владееше францускиот, се служеше со италијанскиот и германскиот (знаењата на овие јазици им ги должеше на окупациите на родниот Поградец за време на Првата и на Втората светска војна), тешко се справуваше со македонскиот јазик, кој го научи, но и недоучи, доцна во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во себе тивко малку се плашеше дека можеби Петар ја заборавил, дека можеби има нова љубов или можеби веќе не живее во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Среќни се народите кои немаат историја, велеше големиот француски историчар Жил Мишле.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А Французите можеби имаа и најмногу историја со која се справуваа во текот на вековите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тате можеби имал некое оправдание, ете бил офицер, всушност, ти беше најголемиот војник според воспитувањето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И тој можеби има деца.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Главно, ја спаси главата. Можеби има предавство - продолжи комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Што знам, можеби имаат докази?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Нели ти реков дека мојот пилот ми имаше зборувано за таа прекоманда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев заустил да прашам случајно да не се случило нешто несакано, непредвидливо… а можеби имав речено… или спомнато нешто необично, бидејќи наслутував делови од некои патеки… но Дуда се чинеше толку несреќна додека доаѓаше или си заминуваше… и тогаш сфатив дека Дуда всушност ми раскажува за себеси; за проблеми што се чинат толку тешки а таа храбро шета по нивната смешна страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност можеби имаше кажано и нешто поодредено, еден вид појасно предупредување, а нашето внимание пропуштило да го забележи?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби имам причини за тоа“, рече таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така рече. А можеби имаше право.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, оние, неуморните претсакажувачи на настаните што следат, веќе предвидуваа оти Иван Степанович нема да ги заборави своите девојки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие ја разоткриваат неточноста на големата „фикција“ на националната држава како етнички, расно, јазично и културно хомогена.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Покрај тоа, погранични зони се под влијание на - а понекогаш и ги споделуваат - вредностите, идеите, обичаите и традициите на своите еквиваленти од другата страна на границата: „Границите ги делат луѓето кои живеат на двете страни, кои можеби имале долга историја на културни и социјални контакти, но во исто време тие нив ги обединуваат во искуството на блискост до границата и (делумна) зависност од неа“.70 70 Michiel Baud and Willem van Schendel, “Toward a Comparative History of Borderlands,” Journal of World History 8.2 (1997): 242. 56 6. 1 Привремени народи, раселени заедници Во пост-индустрискиот и сè поглобализираниот свет, веќе не можеме да се потпреме на единството, хомогеноста и заштитата „на дискретно ограничени нации, заедници, држави, идентитети и територии“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ја гледаше единствено како секој ден си го проверува сандачето, па помисли дека можеби има некое момче во Франција, но брзо ја отфрли таа идеја како премногу песимистичка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го пушти Сати и повторно седна до неа. ­- Вие таму во Франција, го сакате ли многу Дебиси? - ја праша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оваа книга која беше честа тема на нашата преписка, можеби има за цел да покаже дека не може да се верува во Бога кој бара човечки жртви и, како што не може да се верува ниту во идеологии чие одржување се темели врз жртви.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Заклучокот е дека разликите се мали доколку не им се пристапува од гледиштата на вкоренетите предрасуди, а Европа не може да побегне од балканскиот дел на својата судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби имаше достатно сигнали во татковата библиотека да не патувам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да, да, рече. И ми призна дека можеби имало во неговиот живот и некоја Германија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеби има словенско потекло“, ја прекина Едо. „Тоа не го знам“, рече таа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)