И за Претседателот, постоеле и времиња, кои и го барале тоа, во кои наеднаш било разурнато сето наоколу и на прв поглед се чинело дека тие линии, секогаш и премногу бргу, и премногу видливо, оделе една кон друга, взаемно стремејќи се и речиси се слевале, но всушност никогаш не било така, секогаш наново тоа во еден миг можеше да биде откриено и сега јасно можеше да биде здогледано.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
3. поимот за науката или за научноста на науката - она што секогаш ја определувало како логика - поим кој отсекогаш бил философски, иако научната практика всушност никогаш не престанала да го оспорува империјализмот на логосот, повикувајќи се, отсекогаш, и сѐ повеќе и повеќе, на нефонетското писмо.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но денес нешто ѝ допушта да се појавува како таква, дозволува да се води сметка за неа, без оваа новост да може да се преведе во сумарните поими на мутација, експлицирање, акумулација, на револуција или традиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Па сепак, вистина е, всушност никогаш не го напуштив училиштето; на Ecole normale минав вкупно триесет години.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во текот на еден љубовен дует на самата сцена и на двајцата им станува јасно дека нивната љубов всушност никогаш не згаснала, напротив, новата средба само уште повеќе ја разгорува.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Имено, Jackie ми се причини како невозможно име за еден писател.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)