Дури и ако постоењето на тие демагошки наци-неандерталци (сè уште доминантни по кулоарите на смрдливиот пазар кај што всушност рибата се дели!) е некаков историски фатум, трагично е непостоењето на малку полуциден и посовремен „културен” (уметнички) став кај помладите, трагично е непостоењето на поснажни субверзивни струења во уметноста која речиси и не е ништо друго освен пресметка со конвенциите, морализмот и демагогијата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)