Преку сценографиите всушност тој и доаѓа во контакт со филмот, во 1970 г. се запознава со можностите на супер- осум камерата и го снима својот прв филм.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Процесот е борба; за мене самиот производ е здодевен, непотребен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оттогаш филмот станува поле на негово најинтензивно дејствување, а со сликарство продолжува да се занимава повремено.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Го удираше сѐ додека Богдан не ги почувствува ударите на своите слабини: гледа пред него нема никаков коњ, а всушност тој е коњот: на него е качена Аниса и го удира со петиците и го сили да трча.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Всушност тој не клекна пред него да му ги врзи врвците на чевлите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Многупати на човека му се чини дека слегува удолу, а всушност тој се искачува, се подвигува. Така и ние, сега“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Каков беше всушност тој Марин Крусиќ?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Ах, не знам. Најдобро е да бидат по оној друг редослед, како во моментот на случувањето. А во тоа ќе ви помагаат како и досега моите потпрашања", настојува тој.“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тој ги препрочитува моите недоизречени искази што лично тој ги има дотерувано и сега се труди да ги престори во вистини.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му велам: „Другар иследник, дали смеам да ги изнесувам размислите по оној редослед по кој ми доаѓаат на ум во овој момент?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тој продолжи да зборува за тоа дека го вознемирува проблемот на ослободувањето? - Ослободувањето? - прашав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ние мислевме дека е тоа нешто ново, но всушност тој беше во право. (23.04.1980) ◊ Одам на посета кај многу луѓе кои за уметничките дела во нивна сопственост велат, “Ова е она што ми се допаѓа”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Всушност тој го слушаше само милното шумолење на бабиниот глас - а сказната ја знаеше од нејзиното кажување небројница пати - па напамет си го шепотеше секој збор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Всушност тој многу искрено постапи кога призна, иако и премногу тихо и срамежливо, дека никогаш не плука по оној кој го храни. И толку!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Всушност тој не загина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)