всушност (мод.) - претставува (гл.)

Значи, што претставува таквото расудување на момчето коешто другарите го прогласија за ’среќно’ – што всушност претставува?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ервехе, персиски збор за цвет или Цвета всушност претставува личност, којашто уште од мали нозе означува расцут на средината во која се пројавува, во роднокрајното бекташко гратче Лесковик, на границата меѓу Грција и Албанија, во подалечниот Солун кадешто е дадена кај француските лазаристи на школување, во градот Подградец, на брегот од Охридското Езеро, кадешто е омажена и во Струга Скопје, кадешто е доселена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Романот „Ервехе” изобилствува од фабуларни заплети низ кои приказната си добива природен тек, бидејќи, овој белетристички колаж од новела, повест, роман, мемоар, дневник, есеистички отклони и драмски акценти всушност претставува модел на посовремено поимање на прозната форма, кој некои меѓу нас ќе се одважат да го крстат и со квалификативот постмодерна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оваа одредба всушност претставува најава на промовирањето на концептот на репрезентативен наместо мнозински синдикат како носител на правата на застапување на работниците, кој беше промовиран со усвојувањето на измените на Законот за работни односи од октомври 2009 година. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа всушност претставува тесно сврзување така што може да се имплицира сексуалната врска меѓу нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во еден анонимен запис од 30 септември 1859 година, кој всушност претставуваше статистика за движењето на бродовите и трговската стока од Цариград преку Трст во текот на таа година, се набројуваат бродовите по име, стоката што ја понеле и името на оној што ја испраќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)