всушност (мод.) - нема (гл.)

Иако вистинскиот облик на „логика” на компјутерскиот хардвер всушност нема подлабоко значење (како што подолу ќе објасниме), таа е, во секој случај, обично карактеризирана со инклузивна наместо со ексклузивна дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Фицџералд има убав расказ за една личност што шета низ градот со пукнатина стара десет години. » Во филозофијата всушност нема простор за расправи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но сега сфати дека тоа било само заблуда – тој само мислел дека во себе ги има вистинските зборови, но всушност немал ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нема подобро објаснување од она што го имал тогаш, нема нова вистина која во меѓувреме ја сфатил, нема поука, нема насока, нема големо просветлување во душата што може да го сподели со оние на кои цел ден им пишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Не, вечерани сме“, одбивала и измислувала најразлични причини да не го земе млекото, а всушност немала сад - бокал, тенџере, ништо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие всушност немаат поим дека ти си во играта.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Во Холандија, всушност нема државна стратегија за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Луѓето тука почнуваат тоа да го сфаќаат и признаваат - не како во Англија каде што мислат дека ако на влезот од клубовите се стави знак „забрането внесување дрога“, неа ќе ја нема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Интересна и неконвенционална, но во позитивна смисла, е и одредбата која предвидува дека во случај на спор, ако кандидатот за вработување изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на антидискриминаторски одредби од законот товарот на докажувањето, дека всушност немало дискриминација, преминува на страната на тужениот работодавач, освен ако овој докаже дека различниот третман е направен поради исклучоците предвидени во самиот ЗРО – а тоа, пак, е во случаите кои се однесуваат на инвалиди, постари работници, бремени жени, мајки, 15.  Тука би сакале да споменеме и еден компаративен случај од оваа област.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Тамам и ќе им го видам кучето“, си рече изненаден од таа помисла, зашто тој всушност немаше никаков интерес за кучиња.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Некој и повеќе од тоа), всушност немаат ниту корен мора дебело да им плати за украденото детство. ниту насока.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)