Му се чини, а и како на другите да им станува јасно, дека наскоро сиот воздух во собата ќе се истроши и тие сите ќе поцркаат, додека под скафандерот, Мишкец и натаму упорно ќе продолжи да се бори за живот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во џебовите наоѓавме писма, слики на војници, деца, жени, девојки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во џебовите наоѓавме фотографии на жени, деца, девојки и цели семејства.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја истури содржината на џебовите од пантолоните и палтото на полицата пред себе – билет од синоќешното кино, сметка за струја, во внатрешниот џеб наоѓа мина од хемиско, сигурно внатре му е сѐ измачкано од мастило, но картичката ја нема. – Дај ми го шампонот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)