Мајка поради овие книги татковата библиотека ја сметаше за света, рамна на божји храм: и црква, и џамија и синагога.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уште дедото на некогашниот маскар кој ги минувал овие патишта, еднаш дури и со благородниот патник Челеби од Стамбол, раскажувал во Кукулино за тој град од камени куќи, стари мостови, џамии и беговски кули и прозорци од зелено стакло и со стотици чешми и водоскоци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И.И. зазема поза пред исламското пано и го крева стапчето кон списокот на ликвидираните муслимански свештеници, го изнесува бројот на урнатите џамии и другите исламски сакрални објекти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Сум одел само до Кратово. И по друг пат, маскарски, над Џгури кај што се топи во жижници олово и сребро. “ ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)