У стил на разбацани шерпаси, по лифтовите м'кнат пуни и празни пивски гајби, илјадници ќеси со намирници, паковања од 72 ролни ВеЦе папир, енормни количини на ѓубре...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Нема емигрант што не го памети својот прв Божиќ во Новиот Свет: блескави излози со шарени украси со убави предмети со згодни продавачки со мајки и деца со големи ќеси со весели насмевки со дедомразовци што демнат на секој чекор...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Таму стои и дека даските се црни, на таванските греди се нишаат пердиња исткајани од пајаците и дека на полицата што била на мојата страна, целата во прав и саѓи, имало две празни конзерви едната со сало а до неа и една книжна ќеса со сол која поради исчаденоста повеќе наликувала на стуткана свинска кожа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Беше Владе историчарот. Во десната рака и овој пат носеше најлон ќеса со хартии.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Летото е добро за кучињата скитници - и покрај новиот закон за јавна чистота луѓето што шетаа по плоштадот навечер фрлаа по некој недојаден сендвич или ќеса со оладени пуканки.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Се наведна крај себе и од покрај столот крена една најлон ќеса со хартии, која ја носеше со себе уште кога дојде.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)