ќерамида (имн.) - на (предл.)

Се качи Стојан трет и се фати за ќерамидите на калето и како мачка се спушти наземи. Со секавична брзина ја отвори портата и другите се втурнаа внатре.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сонцето сјаеше на ситните зелени ќерамиди на павилјончето во градината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така остана мостот без име и знак. Тој, таму во Босна, блескаше на сонцето и светеше на месечината, а преку себе префрлаше и луѓе и добиток.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дождот што туриваше силно пронашол некоја скршена ќерамида на покривот и пробивајќи се низ таванот сѐ повеќе тропа на масата и подот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Илија се појавува на вратата кога сонцето е слезено до ќерамидите на куќарчето и првите зраци го затекнуваат на вратата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)