љубопитност (имн.) - кај (предл.)

Седнав на подот од спалната соба на Изабел и Бертран и почнав да ги вртам страниците на книгата којашто предизвика голема љубопитност кај мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Оттогаш Тулио Бути во сопчето веќе не чекаше да се запали светлото во спротивниот дом.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие предизвикуваат љубопитност кај терапевтот и кај клиентите, за алтернативните модуси на постоење. Тоа не е било каква љубопитност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тераписките практики на кои укажувам како на деконструктивни им помагаат на индивидуите да се одвојат од начините на живот и мислење за кои оцениле дека се исцрпувачки за нив и за другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Марко Марикин прашуваше и секогаш сам одговараше, најмногу тогаш кога ќе предизвикаше љубопитност кај луѓето со кои се здружуваше и кон кои беше братски милослив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молчев, не сакав да разговарам за она на што не сакав или не можев да мислам по среќавањето со Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што ли изнаприкажале за него двете жени кои го примија под својот покрив, да поттикнат толкава љубопитност кај оваа жена за него?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)