љубов (имн.) - никогаш (прил.)

Можеби затоа и ја отфрлив – подарокот го цениме само ако сме го заслужиле.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За твојата љубов никогаш не се борев – таа ми беше подарок.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но во тој миг таа немаше друг избор освен да остави тој да ја исполнува и да ја повреди со својата љубов, зашто вистинската љубов никогаш не може да се одбие.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Хоризонтот на љубовта никогаш не ми бил поблизок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Заљубувањето е еуфорично и љубовта не е илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мајкината љубов никогаш не старееше, таа постојано се обновуваше, од за нас непознати и неоткриени извори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)