Доста се намачив јас на тој човек да му објаснам дека љубовта помеѓу двајца е нешто многу силно, дека тоа е нешто што треба да го одржува човек во живот, да му дава сила кога му е најтешко.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Младешката љубов помеѓу мене и театарскиот медиум никогаш до крај не пламна и брзо згасна.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Така филмската уметничка пракса се претвара во религиозна соборност а филмското уметничко дело произведено во таа соборност - игра, инкарнација на чиста платонска љубов помеѓу протагонистите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дали ќе ве изненади ако ви кажам дека и филмот разочара? •Хичкок: „Не, не, се согласувам, сметам дека сѐ е премногу комплицирано и дека објасненијата на крајот се премногу конфузни.” 144 Margina #22 [1995] | okno.mk Озлогласената (Notorius), 1946г. •Бев нестрплив додека стигнавме до Озлогласената, бидејќи тоа е ваш филм што најмногу го сакам.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Работев со Бен Хехт кој често ги консултираше славните психоаналитичари.” •Каква беше смислата на отворањето на вратата при првата прегратка на главните јунаци? •Хичкок: „Го замолив Бен да пронајде симбол во психијатријата што означува раѓање на љубов помеѓу мажот и жената, и тој ја пронајде вратата.” •Зошто за делот со сонот му се обративте на Салвадор Дали? •Хичкок:„Кога дојдовме до сцената со сонот, сакав потполно да прекинам со традицијата на филмските соништа кои обично беа магловити и нејасни, со екран што трепери итн.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Измитарената љубов помеѓу човекот- ѕвер и мечката- жена, според преданијата на селаните од тој крај, почнала во времето кога најугледните родилки од Кукулино се триеле голи една од друга со извици Роди, земјо, и голи се тркалале по нивите да роди земјата како што раѓале и тие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Игуменијата исцибрела од сеќавања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едно утро, едно од оние утра во кои го молев Рајнер да ме пушти во својот дом за да можам да молам или да обвинувам, тој ми рече дека завршила љубовта помеѓу него и младата жена заради која ме беше напуштил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Тоа значи дека ние одново можеме да бидеме заедно,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Или на онаа врска помеѓу него и Родна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Никогаш не би се нафатил да бидам судија на љубовта помеѓу Сузи и Генералот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)