Тогаш Гоце на сите поподробно им раскажа како со велигденските јајца ги подмитил стражарите и агентите за контрабанден тутун и како непретресен го пуштиле да влезе во градот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Јајцата ги пијат живи; ќе ги дупнат со игла и ќе ги накренат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гоце седна и го извади празот и лебот од појасот. На појасот блесна новиот револвер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Јајцата ги смести во едно кошниче со слама, а шишето го кладе во торбиче и го обеси на самарот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)