Во однос на формацискиот состав на партизаните капетанот Ламби во својот извештај истакнува: “Формациската бројна јачина беше секогаш многу нејасна и флуидна, но бројноста општо земено за време на реорганизацијата од јули па натаму беше 800 луѓе на бригада, со три баталјони на секоја бригада и три одреди на баталјон.
               
             
           
            
            
              „Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
               од Тодор Чепреганов 
              (2001)