Ми вели, фрли ја јамболлијата долу. Ја фрливме и тогаш ројот се спушти по неа.
               
             
           
            
            
              „Човекот со четири часовници“
               од Александар Прокопиев 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Така, на пример, ми станува јасно дека:  - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно  - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“  - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути  - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот  - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
               
             
           
            
            
              „Човекот со четири часовници“
               од Александар Прокопиев 
              (2003)