јазик (имн.) - може (гл.)

Во еден јазик можат да се користат повеќе системи во исто време - како што е вообичаената употреба на вертикалните неонски знаци и вертикалното пишување врз рбетите на книгите во англискиот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нашите јазици можат да се чујат на разни страни на хотелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски не можеше да верува дека бројот на позајмените прилози од турскиот јазик може да биде толку голем, макар што нивниот број во употребата постојано се намалува во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За полесно да се ориентира, прилозите ги подели во четири групи: прилози за време, прилози за место, прилози за количина и прилози за начин.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова се засновува на замислата дека постои некаква реалност таму надвор, која треба да се претстави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа јазикот може да се проучува гледајќи колку добро ја репрезентира таа реалност. 28 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова секако води до идејата дека јазикот може да ја претставува „вистината“, кое води кон една понатамошна идеја дека може да се развие една наука за значењето гледајќи зад и под зборовите - приод обично нарекуван „структурализам“ (изложен од Фројд, Чомски и Селвини Палацоли помеѓу другите).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)