јадење (имн.) - бев (гл.)

Вкусна, сочна – за мене уживањето во жените и доброто јадење беше исто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не само нешто, туку скоро сето јадење беше останало.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Откако ги кренаа чиниите за супа - (Рози уживаше во деликатесната чорба, збогатена со лимонов сок и изматени јајца), други јадења беа донесени и сервирани на трпезата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секое јадење беше служено во посебен ексклузивен прибор за јадење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)