Малите јагулчиња во огромни јата долги и по стотина километри, гонети од инстинктот, тргуваат по патот на нивните родители, врвејќи го по две години за да дојдат овде во езерово...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Узна дека и таа марија е јагула во чиј 'рбет се крие неиспитан електрицитет.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не знам каде ќе запрат јагулите во која вода ќе истече нивното минато Но тие ја знаат патеката на својот сон ја имаат упорноста што ќе им го покаже патот на враќањето.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Што барале овие јагули во Македонија?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кон крајот на дваесеттиот век, група млади научници и универзитетски професори во Скопје, главниот град на новата независна Република Македонија создадена по распадот на Југославија, ја обновија свеста за спасувањето на балканските јагули во светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се најдоа и двајцата бегалци, од два спротивни тека од патот на јагулите, крај оваа река од истекот на Езерото, низ која сега патуваа спасените јагули во темната балканска ноќ.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се обидуваше Татко, продолжувајќи ја играта со патот на јагулите во мислите, преку инстинктивната миграција на птиците, да дојде до вистини за селидбите на луѓето, на народите, на своето семејство.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се мешаа во воздухот и миризбите на другите печени јагули во маалото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Впрочем, еднаш, кога испече јагула во тава, според начинот како што ја подготвуваше нејзината свекрва, а ни ја донесе рибарот од соседството, забележа дека Татко не сакаше да ја вкуси.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)