Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ја доѕидував, збор по збор Со ластовиците под стреата, со голиштарците Со ноќните пакувања на куферите Со прераскажаната кланица за јагниња Со високите прозорци за плачење Со промајата, со гостите, со јадењата.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)