Човек, во делничните денови, уште од раното може да види орачи во полето, деца кои напасуваат јагниња во никајците и овчари кои по ридиштата напасуваат стада, а во неделите и женската челад која по ендеците и меѓите собира полжави и коприви.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ти, јагне во темелот, за да не заштитиш од лошо. Ти, камен во темелот, цврст ко оној што го има во куќата на баба ми.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Внатре беше мојата фотографија. Снимена еден летен распуст. Имав шеснаесет години. Со плетенки и јагне во прегратката.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Добитокот што се подарува се дели: покрупниот се пика во шталата, а овците и јагнињата во трлото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Затворените деца Мариовчиња исплашени од јатаганите на сејмените патема, се смирија и влегоа во конакот како јагниња во трло.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Виде - невиде сиромајио, го кренал и кошето, та го исфрлил на буниште, и враќајќи се да го земи џигеро, чорбаџиицата го пречекала со две празни стомни да му ји дава да ји залеи со вода: - Стори уште еден завмет, бре чоече, да ми залеиш од чешмана вода, да ако ти дојде некоја иктиза некоаш од домаќино, с¯ ќе ти поможи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Многу му било жал на луѓето, оти му бил запустен манастирот, ама немале што да чинат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Баа, братко, оти да не отцепи!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се налутила царицата и сите каугери 'и заклала, како јагниња во црквата стреде, и си ошла, од кај што дошла.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И му го зел јагнето во една рака, џигеро во друга, чорбаџијата напре со чибуко в рака, тргнал по сокак за дома.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)