јавност (имн.) - се (зам.)

Таа е арената на која јавноста се организира себеси, го формулира јавното мислење и ги изразува своите интереси и желби во однос на власта.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како простор на институции и практики помеѓу приватните интереси на секојдневието во граѓанското општество и областа на државната моќ, функцијата на јавната сфера е да служи како посредник помеѓу приватните интереси на поединците и барањата на општествениот и јавниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавната сфера игра улога на посредник помеѓу општеството и државата, во кој јавноста се организира како носител на јавното мислење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
По новонастанатата состојба со окупацијата на Кралството Југославија, на страниците на американскиот печат се појавиле и написи во кои јавноста се запознавала со етнографските и географските карактеристики на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, во весникот „Њу рипаблик“, од 21 април 1941 година, се појавил коментар, во кој биле изнесени основните карактеристики на народите што живеат во Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)