јаболко (имн.) - на (предл.)

Ти молчиш, јас молчам, црвена самогласка како касај од недоџваканото јаболко на Ева, се препречила во грлото и сега само ааме, еаме, иаме, оаме, уаме...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Немичкиот јазик за кој овде станува збор се прави со додавање на „па“ зад секој слог. Така, јаболко на немички ќе биде „јапабопалкопо“ или книга-„книпагапа“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во Едемската градина - корија со рајски дрвја, на дрвјата рајско јаболко, јаболките на златни гранки, на гранките чучулиги, од чучулигите песни, од песните бистри кладенци. До кладенците Дрвото - на - сознанието.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нешто од инает, нешто од завист, ама нешто и од уплав да не остане сам и да не се случи некоја тепачка, па грнците да летаат на сите страни како јаболка на свадба, или како црпки по река.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Решението на тој проблем, истакнал во интервјуто Смодлака, е „да ѝ се даде на Македонија целосна автономија во федералната држава, со што би се ставил крај на југословенско-бугарскиот раздор“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Правејќи осврт на односите меѓу Бугарија и Југославија низ историјата, тој истакнал дека дотогашниот раскол, т.е. „јаболко на раздорот меѓу Југославија и Бугарија, беше статусот на Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сонот - како на јаве да е - раздаван за души починати - пченица варена, и преснец на залачиња искршен, и јаболка на кришки сечени.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А се разбира можел да го спомене и библиското јаболко на гревот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам на оној, познат податок: кој го скинал јаболкото, и чија рака му го подала на кутриот маж!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во Бурели Захаријадис и неговата дружина меѓу Македонците го фрлија јаболкото на раздорот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Силата се враќа во облик на радоста, го гризе полека јаболкото на животот. Црвено. Утре е нов ден.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
О јаболко на гревот! зарем не е маѓијата што прогонство ни нуди тој плод што во нас незапирно зрее?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Еден ден, се претворил во јаболко на раздорот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За да видиме како еден модел ни помага да разбереме некакво, без него потполно нејасно, поведение, нека си замислиме токму онаква пирамида од јаболка на каква што можеме да наидеме на кој и да било уличен штанд на кој се продава овошје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)