ѕидање (имн.) - црква (имн.)

Првин му беше наредено да каже кај ги сокрил парите што ги собрал божем за ѕидање црква; Кај мене се, бргу, рече: извади од пазувите едно кожено кесе и му го тутна в нозе на Ибрахим бег Јаузоски; Сите земи ги, бегу, викаше, само не оставај да ме понижат ајдутиве.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Важно е, вели Максим, да не дознаат Грчиштата што сме се договориле, дека ако не ни стигне до напролет одобрение за ѕидање црква, сами ние ќе отидеме во Стамбол и ќе го молиме Султанот лично тој да ни издаде одобрение.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)