ѕид (имн.) - не (чест.)

Помислив - тој е задужбина на нашиот големец Исхак-бег, голем амам е, воздухот таму е пријатен, ѕидовите не се потат, нема влага - ајде, нека оди!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Белината на ѕидовите не можеше да ѝ се отпре. Јоргованестата поплава покриваше сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Татко му долго време не излегуваше од дуќанот, долго време го гледаше на ѕидот не можејќи да се раздели од него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Воздухот е пријатен и ѕидовите не се потат, ама ете, некои женишта, во шегачењето, ја попариле со жешка вода.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
46. СО ГЛАВА ЅИД НЕ СЕ РУШИ - а зарем некој тоа го пробал?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Мене цената не ме тревожи. Парите се печалат за да ги трошиме! Дури ни на ѕидот не мислам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Винстон не можеше да се сети дека некогаш видел ходник чии ѕидови не се измаслени од допирот со човечки тела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)