ѕид (имн.) - отспротива (прил.)

„А онаа слика онаму...“ таа покажа со глава кон гравурата на ѕидот отспротива, „дали и таа е стара сто години?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оној што ѕирка (низ една од дупките избушени скоро како за објективи на камерите) е Дипигус, се разбира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога останува сам, Сенка, притискајќи едно копче во масата, целиот огромен ѕид отспротива го претвора во големо огледало кое сега ја отсликува целата долга маса со тринаесет столови, и господинот Сенка во центарот, сличен на некој чуден светец, но сепак повеќе, така сокриен од светлината, налик на дамка од разјаденост врз површината на огледалото, или пак како давеник во таа живина локва, „чии испарувања, кога-тогаш, ќе нѐ задушат сите“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нечујно пријдов и таму, на прозорецот, ја гледам како со рацете на крст се држи и си ги стиска дојките, а со нозете го го прејавнала радијаторот и се трие на него загледана во мачките крај ѕидот отспротива.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)