ѕид (имн.) - се (зам.)

Се к`ти сивата карпа на затворениот говор на времето Се дени и песната што да се роди ја навестува заради која отаде ѕидот се оди на невозможното постоење За одење е време На надеж миг со славејот в грло што сака да проговори таму слушнат каде ќе биде од тие со насмевката лицето што им го огрева Најпосле
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ѕидовите се стиснаа и го затворија во својот непробиен мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Куќата сега се виши ослободена од товарот на птиците со мирни темели врз мртви корења ни ѕидови се тресат ни врати треперат од татнежите на растењето и возбудениот воздух.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Наместа сега ѕидовите се напукани, бојата загасната, но уметноста на Славејко сосема е зачувана.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ѕидовите се украсени со народна резба. Долапите се вградени во ѕидот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Плашливо се извлекуваше денот. На миризливите ископани ѕидови се налепуваше самрак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Преку овој ѕид се слуша што се договараат вашите родители да зготват за ручек. Тенки се овие ѕидови.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Нешто крцкаше, во мусандрата на ѕидот се протегаше добродушен домашен призрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подај ми рака да станам и да ги пронајдам шумите на моите копнежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќта влегува низ малите прозорци на патувачката куќа. Жолтите ѕидови се покриваат со темномаслинести сенки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Црвените букви со кои беше испишан ѕидот се престорија во пеперутки, големи, чудесни, нови пеперутки, од Антарктик долетани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дупката што ја издлабив во ѕидот се чини води в неврат ако го изземеме удобното сврталиште на семејството стаорци и прилично згодно зацврстената закачалка во влажниот агол на која виси мало јато лилјаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)