Убаво видов кога песот ме гризна, но потоа не само јас туку и Јана, а и човекот што беше дојден да ја дотера живата ограда околу градината сите констатиравме дека влезните врати во дворот и во куќата биле затворени и не постоел начин да влезе ѕвер во куќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Никој немаше да ми поверува дека ме нападнал пес во мојата работна соба ако не ми беа под лактов белезите од неговите заби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кружевме како ѕверови во кафез.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
По ѕверот во кафезот, отмениот чекор на Lola Nationale, и правец – Центар!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога светот стои во место кога лудаците остануваат на престол кога тешко се стига до вистината стиховите ја мрдаат жабокречината Кога доблеста знае да кризира и душата со чемер тетовира кога љубовта знае да девалвира вистината на хартија се гравира Проклетници одземаат живот ѕверовите се грабаат за имот лудаците го убиваат мирот стиховите сведочат на листот Лудаците сепак умираат ѕверовите во пекол заминуваат карактери и луѓе се менуваат а стиховите на лист остануваат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Понекогаш и ноќе стануваше да јаде: ако не ѝ беше полн желудникот, не можеше да заспие како да ја гризеше некое ѕверче во неа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Така е и кај ѕверовите во време на војна.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Оруш креваше на шишето, тргаше од ракијата, вртеше низ дворот околу ископаните темели на куќата, и лут беше како ѕвер во кафез, дувајќи низ носот му рече на Танета кој одеше по него: - Ти прави што сакаш...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)