Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Секој момент очекувавме ѕвездите да се качат на сцената и да го започнат своето првутесто паѓање врз рамото на Земјата.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Со фалење може сегде да се мине, со фалење може ѕвезда да се скине.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
На сите страни светкаа пламенчиња како ѕвездите да слегле на земјата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Или, пак ѕвездите да можат да сторат нешто слично?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)