го врти ко пергил, ко шупливо оревче, далги ко куќи, ко ридови, небото го досегаат и тогаш многу повраќавме на бродот, ете, си велиме наспроти глава ни било трчањето, ама враќање нема, гледаш само вода и сонце, сонце над водата, сонце во водата, ѕвезди над нас и ѕвезди под нас, мислиш си залидал некаде во небесата, меѓу секавиците што се палат,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе се исплачеше за тоа колку е несреќен во животот, колку лоши работи му се случуваат секојдневно, колку е несреќна ѕвездата под која се родил, потоа ќе заспиеше невино како бебе, а мене ќе ме оставеше будна целата наредна недела.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)