Во алхемиските записи петокраката ѕвезда ја симболизира живата (Меркур).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Треба само да се сетиме дека овој образец е битна одлика и на Меркур и на soror mystica (Невестата).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
8. Шуми под твоите нозе мртвото лисје од лани не го слушаш се веат над твоето лице надвесените гранки не слушаш од твоите очи занесени ѕвездите светлина пијат и паѓа златниот прав по разбушавените коси ти знаеш те вика само ноќта браната песна што ечи и што ја слушаш сал неа некому да ја речеш и итаат колку ли итаат твоите очи озарени што не го знаат мракот ни тој ги знае нив Очите полни со ѕвезди ја носат пред себе светлината на преболениот стих Побрзај побрзај брзај оваа ноќ е твоја ноќ и песната е новородено дете што не знае да молчи
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Ги меша житниот корен со семето од макот и од езерските дланки вечерната ѕвезда ја ближи.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)