ѓум (имн.) - и (сврз.)

Си го симна букарот, го остави на ред, а Доста ги остави ѓумовите и застана крај Митра, срамежливо, како што ѝ прилега на млада невеста и тоа јабанџика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Левтерија носи ѓум и леѓен и му потура вода да си го замие лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Невестата Менка ја затопли тавата на огнот, го зеде ѓумот и леанот, им тури вода на рацете и ја кладе софрата да повечераат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си ги наполнија ѓумовите и котолот и се вратија дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)