ѓавол (имн.) - може (гл.)

„Не ми е јасно како ли по ѓаволите можев да го промашам“. „Бидејќи е брз, многу брз“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со првите мугрени петли го заборавале спокојот на продуваниот празник и им се враќале на пештерите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби е клевета, си мислам, иако знам дека и ѓаволот може да оди со сенката од господ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И црниот ѓавол можел да ги почитува тие луѓе како што можел да се восхитува и од нивните жени, повеќето трудни, кога ги пречекале на патот кон шумичката бабуњосаниот Адам Лесновец и попот Панделиј; лицата им биле тврди, како изделкани со чеканите на мажите од сив, модар и зелен камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)