шушкање (имн.) - на (предл.)

Но однатре доаѓаше, како што мене ми се чини, чуден звук, како шушкање на книги, на страници безбројни, како слова златни да се преместуваат, да се сочинуваат и умножуваат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таму се слушаше само брмчењето на мувите и шушкањето на срповите што внимателно ги сечеа стеблата на житото.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И уште се потсети Фимка на жената, која пред неа го тераше коњот со ранетиот командант, на кој му велеше: - Има мајка, синко - велеше жената и во нејзините зборови истовремено со тивкото тропање на коњските копита одзвучуваше и шушкањето на опинците по планинската правлива патека што змиулесто се спушта прудолу по голата удолнина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја милува студената двоцевка со тапиот палец и го слуша шушкањето на невидливите трски од мочуриштето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но однатре доаѓал чуден звук, како шушкање на книги, на страници безбројни, како слова златни да се преместуваат, да се сочинуваат и умножуваат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во истиот миг од зад вратата се чу женско бревтање и шушкање на ќеси.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)