шума (имн.) - се (зам.)

До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред куќата, кај шадрванот, таа ниту подзастануваше, небаре не ја гледа таа убавина, а кога слушна дека ибн Бајко е задолжен да изгради и теќе, што ќе биде чувано од теќе-ефенди, таа толку силно се исмеа, што шумата се стресе, а потоците наоколу почнаа да подрипнуваат врз камчињата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама бидејќи се толку брзо се одвиваше, не можејќи во паника да ги изброи, туку само ги следеше, не успеал да забележи дека дел, неколцина, од пустите Турчишта, на кривината низ шумата се одвоиле од другите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш (или подоцна кога раскажувал) мислел дека низ шумата се движи омаен мирис на превриено млеко и можел да знае дека таа воздивнува од длабочината на градите со две темни пупки на врвовите од кои по белината на кожата се протегаат беломодри женски жиличиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Боровите шуми се вишеа со врвовите молејќи го небото за утеха, како да праќаа молитва за благослов на селото и новите младенци скриени во него.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Горе, скриен зад стебла, ја гледал како стои со секира в рака и без движење свртена кон далечините, осаменички исправена и горда, со ослободена коса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)