шума (имн.) - има (гл.)

Тој знаеше во кој дел од шумата има мајмуни и се надеваше, ако не татко му, или мајка му, дека било кој друг мајмун ќе го прибере.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Некогаш низ шумите имало над 70 видови птици, разни видови диви животни , мислам дури и диви свињи, многу инсекти и влечуги - разни гуштери и змии.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Честопати ме пресретнуваа де полицајци де војници и ме испрашуваа дали во шумите има партизани и дали им носам леб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)