111. Со тоа се сврши шумот во Србија и Србите фатија да работат тихо и упорно: пропагандата помина од патриотското друштво во рацете на Министерството за надворешни работи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дождот не го ни забележуваа на себе, но му го слушаа шумот во лисјето секаде околу така што им се чинеше како да одат крај некоја надојдена река. Сепак тоа ги опијануваше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ту ни се чинеше дека сме на пат точно да го определиме, ту го губевме сфаќајќи Margina #26-28 [1995] | okno.mk 145 дека сме тргнале во погрешна насока: ја губевме ориентацијата, застанувавме, се враќавме, а звукот притоа стануваше сѐ послаб, поодалечен, поизмамувачки, за да се загуби конечно како нејасен шум во маглата. *** Се обидувавме многупати потоа, мојата роднина Емилија и јас, да ја најдеме необичната куќа која, чувствувавме имаше некаква таинствена врска со звукот на бродот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И му се стори дека е во нивната саботна колона, упатена кон сонливото гратче под планината, и самиот тој како тие - со ипотен грб и многу шум во главата, во таа човечка глутница со шестдневна печалба в џеб и шестдневно неспокојство во крвта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој читаше од пиесата додека на магнетофонот-ленташ се снимаше неговиот глас и секој шум во просторијата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Го наслушна шумот во грмушките отаде потокот, ја отвори устата. тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го покажува својот јад.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Главно да се пука, да се убива и во врска со тоа да се дига шум во Бугарија, во Европа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Знаеше дека таа им припаѓала на други, се предавала исто како секогаш, со шум во раширените ноздри и оцртан бамбус во 'рбетот, со еден мирис што се впива во сите сетила. Да стане лак за стрела.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Какос сега - лево десно, од ѕид до ѕид, од бандера до бандера, со една боја пред очите, со еден шум во себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Слуша некаков шум во сопчето, но не е начисто што е.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сепак, во донесувањето на одлуката свој удел имаше и она веќе познато стружење на влечките на мајката на месарот, а тој познат шум во моментот доаѓаше од приземјето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Изгледа беше поминала покрај мене без да ја забележам. Дури и без да ми се јави.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секој шум во таа летна жега, секој глас, секој извик, се раѓаше со точно утврдена цел: веднаш за да умре, да се распливне, да се изгуби невратно, да не претставува ништо - ни настан, ни новост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сето ова го прави рутинирано и со постојан однос кон сите шумови во станот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)