штрајк (имн.) - и (сврз.)

Мотото на Вујовиќ – која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови и други облици на протест – е дека работникот мора да се бори за своите права, бидејќи таквите работници – колку тоа да звучи парадоксално – и самиот работодавач повеќе ги цени. 1.  Интервјуто го водеше Ива Михајловска, на 29.I.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не се работи повеќе за индустриски, тешки машини, кои се (беа) објекти на насилство за време на штрајкови и кои, на крајот од едноличната „работа”, налутено ги исклучуваш, ги туркаш од себе и се трудиш веднаш да ги заборавиш; твоето слободно време започнува на другата страна од нивниот работен делокруг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
54 одвоени и сосем независни права од групата на „економско-социјални права“ на граѓаните; б) испуштени се одредбите кои говореа за одлуката за стапување во штрајк и за штрајкувачкиот одбор кој ги води преговорите (чл. 2, ЗШ/91), а наместо нив се воведоа термини од типот „повик и поведување на штрајк“ и „писмена најава на штрајкот“(чл. 236, ЗРО/05); в) ја нема ниту експлицитната одредба која предвидуваше дека организирањето, односно учеството во штрајкот, под условите утврдени со овој закон, не претставува повреда на работната обврска, не може да биде основ за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност на работникот и не може да има за последица престанување на работниот однос (чл. 13, ЗШ/91).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)