штрајк (имн.) - треба (гл.)

Но, во врска со стекнувањето на право на плата за време на штрајк треба да се истакне дека како во овој случај, така и во претходните, ваквите одредби се воведуваат во контекст на отежнување на можноста за остварување на правото на штрајк со што реалната можност за остварување на ова право е намалена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Одредбата од ЗСС (2008), дека во текот на штрајкот треба да се извршуваат работите кои се во врска со закажаните расправи и рочишта, односно со јавните седници за донесување и доставување на сите одлуки во законскиот рок (чл. 33, ЗСС/08), ја нема во новиот ЗСС (2014), но сè уште е на сила во Законот за судовите (чл. 98, ЗС/06).141 Наместо оваа одредба од стариот ЗСС, во новиот ЗСС е пропишано дека во текот на штрајкот вработените во судската служба се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на судот и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните и на правните лица (чл. 59, ЗСС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)